30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина сака одржлив економски раст

Кина сака одржлив економски раст

likekiangkinapremier546a4fa

Кинескиот премиер Ли Кекианг денес изјави дека Кина ќе се обиде и оваа година да го задржи економскиот раст на соодветно ниво, со цел да се создадат нови работни места и ќе се заложи за борбата против намалувањето на корупцијата и загадувањето на околината.

Ли на конференцијата за новинарите во Пекинг изјави дека кинеското раководство „не е преокупирано“ со нивото на економски раст и дека официјалната цел од „околу 7,5 проценти“ за растот покажува дека во таа област е можна флексибилност.

Кинескиот премиер додаде дека е поважно да се оствари официјалната цел за создавање на 10 милиони нови работни места.

Тој изјави дека кинеските власти сакаат одржлив раст кој не ја загрозува животната средина.

Ли изјави дека ќе му објави војна на смогот во кој се дават кинеските градови, како и корупцијата која му штети на општеството и ги забавува напорите економијата на земјата да биде ефикасна и продуктивна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП