2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Lufthansa тоне, дивидендата не

Профитот на Lufthansa тоне, дивидендата не

lufthansand3oihr892tyjfdd5

Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ денес изјави дека минатата година нејзиниот профит потонал, но сепак ќе продолжи да исплаќа дивиденда на акционерите.

Нето заработката на „Lufthansa“ во 2013 година е намалена за 74,5 проценти на 313 милиони евра, но компанијата наведува дека резултатот пред се е таков поради тоа што во 2012 година е остварена поголема еднократна заработка од филијалата „Austrian Airlines“, додека минатата година на резултатите влијаеше реконструкцијата и проектот за инсталација на нови седишта во бизнис класата на „Lufthansa“, пренесува Франс прес.

Не пресметувајќи ги еднократните трошоци, профитот од работењето е зголемен за 62,1 проценти на 1,04 милијарди евра, додека приходите се намалени за 0,4 проценти на 30,02 милијарди евра.

„Го зголемивме потенцијалот за заработка минатата година и предложуваме да се исплати дивиденда од 0,45 евра по акција“, изјави извршниот директор на групацијата „Lufthansa“, Кристоф Франц. Компанијата последната дивиденда од 0,25 евра по акција ја исплати во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП