28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGenerali со поголема од очекуваната добивка за четвртиот квартал

Generali со поголема од очекуваната добивка за четвртиот квартал

generali

Најголемата италијанска осигурителна компанија „Assicurazioni Generali SpA“ објави профит за четвртиот квартал, откако за истиот период од пред една година оствари загуба. Осигурителната компанија исто така ја зголеми дивидендата за повеќе од два пати.

Добивката на компанијата изнесува 324 милиони евра во споредба со нето загубата од 1,04 милијарди евра една година порано, кога „Generali“ ја намали вредноста на своите акции во различни компании за 1,3 милијарди евра.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа во просек од 604 милиони евра профит за четвртиот квартал. „Generali“ ја зголеми дивидендата до 45 центи по акција во споредба со 20 центи од пред тоа.

„Во 2014-та година, обврските на компанијата ќе бидат уште намалени и ќе бидат постигнати значителни намалувања на трошоците“, се вели во соопштението на главниот Извршен директор Марио Греко.

Оперативната добивка на „Generali“ падна за 0,6% на годишна основа во четвртиот квартал или 859 милиони евра. Оперативната добивка која е поврзана со осигурувањето за живот се зголемила за 36% или на 573 милиони евра. Акциите на „Generali“ вчера поскапеа за 0,5 % до 16,3 евра во Милано, каде е утврдува пазарна капитализација на компанијата од 25.4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП