9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмени од Бурса заинтересирани за соработка со македонски компании

Бизнисмени од Бурса заинтересирани за соработка со македонски компании

bursa-630x289

– Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и шест милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за соработка со македонски стопанственици. Ги скенираат и можностите за инвестирање особено во сточарството, шумарството, преработката на овошје, зеленчук, градежништвото, инфраструктурата.

Во Македонија, велат, многу лесно можат да ги прилагодат своите бизниси. Забелешки во однос на административните пречки немаат, но се внимателни кога станува збор за финансиската политика, законите и транспарентното работење бидејќи земјата се уште не е членка на ЕУ.

– Нашата интенција е Македонија да биде една од земјите кон кои ќе ги насочиме вложувањата. Остваривме контакти со македонски стопанственици од прехранбената индустрија, преработката на овошје, сточарството, производството на мебел и соларната енергија, рече Мустафа Крџи, претседател на стопанската комора Румелисиад, пред македонските новинари кои беа во петдневна посета на Бурса. Румелисиад, како што истакна Крџи, ја формирале бизнисмени со потекло главно од балканските земји. Денес комората брои 136 членки и остварува околу една милијарда долари годишен обрт најмногу од извоз на возила, машини, текстил, кожа,…

Компаниите се препознатливи на речиси сите светски пазари, Кина, Бразил, Германија, САД,…

Транспарентноста во работењето, довербата и способноста за компромис се клучни фактори за успешен бизнис, порачуваат турските стопанственици. Сепак е добро, додаваат, и лично да се доживеат искуствата на успешните компании.

Индустриските зони во Бурса вработуваат 600.000 лица, а дневното производство на автомобили достигнува 3.000.

Досега во Македонија се реализирани неколку проекти со финансиска поддршка на турските бизнисмени. Изградени се основни ушилишта во Жупа, Струга, Куманово, но сега фокусот е ставен на деловните релации, нивното воспоставување и зајакнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП