29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаменик генералниот секретар на ИТУ во посета на Македонија

Заменик генералниот секретар на ИТУ во посета на Македонија

ITU

Заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хоулин Жао престојува во посета на Македонија на покана од министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

На средбата министерот Ивановски ќе се осврне на степенот на развој на информатичкото општество, проектите што досега се преземени на овој план, како и на планираните активности што треба да се реализираат во следниот период.

Македонскиот министер, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, ќе побара поддршка за позитивен исход по апликацијата на Македонија за вклучување во Советот на Интернационалната телекомуникациска унија што би претставувало чекор напред во креирањето на улогата на Македонија на меѓународен план во ИКТ областа.

Во септември годинава се очекува Хоулин Жао да стане прв човек на Интернационалната телекомуникациска унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП