3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонски грантови за поддршка на мали проекти

Јапонски грантови за поддршка на мали проекти

japonski proekti

Во јапонската Канцеларија за врски во Скопје денеска ќе бидат потпишани грантови за реализација на проекти од четири корисници од Македонија, вредни 245.000 евра, неповратни средства.

Како што соопштуваат од јапонската Канцеларија за врски овој вид на помош има за цел да го промовира социјалниот и економскиот развој во Македонија, како и да ги продолжи добрите односи меѓу двете земји од страна на јапонската Влада.

Првиот проект е за реновирање на основно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Струга, вреден 56.116 евра. Во рамки на проектот ќе се обезбеди финансиска помош за реновирање на вратите, прозорците и тоалетите во основното училиште, вклучувајќи ја и спортската сала, за учениците да можат да ја следат наставата во соодветни услови.

Вториот проект кој добива јапонски грант е проект за опремување на ЈЗУ Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ во општина Битола, вреден 58.583 евра. Реализацијата на проектот ќе обезбеди обновување на болничката опрема со еден биохемиски анализатор, еден пет- диференцијален хематолошки анализатор, еден имерзиски микроскоп, еден халогенски имерзиски микроскоп, еден спектрофотометар, еден апарат за електрофореза, две центрифуги, една мешалка за крвни слики, една аналитичка вага, еден пХ метар, еден инкубатор, еден апарат ацидобазен статус, еден електролитен анализатор, еден анализатор на урина, еден стерилизатор, 10 автоматски пипетори, три принтера, два компјутера со два монитора, 15 канцелариски столици и една врата.

Грант од јапонската Влада ќе добие и Проект за изградба на дополнителни училници во основното училиште „Фаик Коница“ во општина Липково, вреден 57.305 евра. Целта на овој проект е да се обезбеди финансиска поддршка за проширување на училиштето со дополнителни три училници, со цел да се реши проблемот со недостатокот на простор и да им се овозможи на учениците да ја следат наставата во соодветни услови.

Четвртиот проект е за опремување на Универзитетската Клиника за Неврологија во Скопје со медицински апарати. Грантот за овој проект е во висина од 73.269 евра. Со средствата треба да се набават три медицински апарати, кои се незаменливи во грижата на пациенти кои преживеале или се под висок ризик од мозочен удар – еден ехо колор доплер, еден транскраниален доплер и едно видео ЕЕГ. Новата опрема ќе овозможи преглед на 4.400 пациенти годишно, кои моментално се во исчекување на соодветна терапија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП