28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Ние ќе го одржиме нашиот збор

Шојбле: Ние ќе го одржиме нашиот збор

shojblevolfgangjid834uiwjhefhw;fhoi;hg

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, го претстави планот за балансирање на германскиот буџет од 2015 година.

Германија тогаш за прв пат од 1969 година ќе има изедначени приходи и расходи.

„Ние ќе го одржиме нашиот збор. Сакаме за излеземе од овој законодавен период без нов буџетски долг“, изјави Шојбле на конференцијата за новинари, пренесува агенцијата Франс прес.

Германија, како најголема европска економија, оваа година ќе има буџетски дефицит од 6,5 милијарди евра, најнизок во последните 40 години и значително помал во однос на 22,1 милијарди евра од 2013 година, изјави Шојбле и додаде дека буџетот ќе биде избалансиран од наредната година.

„Од 2015 година па натаму, нема да трошиме повеќе од приходите што ги имаме“, заклучи Шојбле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП