4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите заработуваат 2,450 евра

Французите заработуваат 2,450 евра

francuzijndui2yr823r

Просечната бруто плата по вработен во францускиот приватен сектор во последниот квартал од 2013 година е зголемена за 0,3 проценти, на 2,449 евра месечно.

Приближно толкав раст беше забележан и во претходниот квартал, покажуваат официјалните податоци.

На годишно ниво, просечната месечна заработувачка по вработен е зголемена за 1,7 проценти, а имајки ја во предвид инфлацијата во тој период од 0,6 проценти, произлегува дека куповната моќ во извештајниот период е зголемена за 1,1 процентни поени, пренесува агенцијата АП.

Вкупниот платен фонд е зголемен за 0,2 проценти на квартално ниво, односно за 1,2 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП