7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAeroflot го зголеми профитот за 42 проценти

Aeroflot го зголеми профитот за 42 проценти

aeroflotg645dsulh

Руската авиокомпанија „Aeroflot“ го зголеми нето профитот за 2013 година за 41,9 проценти на 7,3 милијарди рубљи (203 милиони долари).

Приходите во 2013 година се зголемени за 15 проценти во споредба со индикаторите за 2012 година, на 290,9 милијарди рубљи, пренесува агенцијата Итар тас.

Приходите од превозот на патници во 2013 година се зголемени за 16,4 проценти во однос на претходната година, на 257,54 милијарди рубљи.

Трошоците за гориво се зголемени за 11,2 проценти и надминаа 79 милијарди рубљи. Оперативните трошоци, не сметајќи ги трошоците за гориво, надоместоците за работа и амортизација, минатата година пораснаа за 9,9 проценти, на 133 милијарди рубљи.

Основната заработка по акција изнесуваше 7,6 рубљи, што е за 15,2 проценти повеќе од основната заработувачка за 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП