19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари 30.836 туристи во Македонија

Во јануари 30.836 туристи во Македонија

turisti

Бројот на туристите во Македонија во јануари годинава изнесувал 30.836, а на ноќевањата 65.019. Во однос на јануари лани туристите и ноќевањата се намалени за 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари годинава, споредено со јануари минатата година, бројот на домашните туристи е намален за 5,8 проценти, а на странските за 0,2 проценти. Кај бројот на ноќевањата на домашните туристи има намалување за 6,2 проценти, а кај странските туристи зголемување за процент.

Бројот на туристите во јануари 2014 година, во однос на претходниот месец, е намален за 8,4 проценти, при што кај домашните има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските намалување за 19,5 проценти. Намалување за 5,8 проценти е евидентирано кај ноќевањата.

Кај домашните туристи има зголемување за 22,2 проценти, а кај странските намалување за 24,8 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП