2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишните даночни пријави може да се поднесат до понеделник, 17 март

Годишните даночни пријави може да се поднесат до понеделник, 17 март

ujpprijavajo8un89

Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17 март.

Управата за јавни приходи информира дека продолжувањето е поради тоа што последниот ден за поднесување 15 март е сабота, кој е неработен ден и согласно законот даночните обврзници нивните пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март понеделник како прв работен ден.

Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат.

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, како и сите други граѓани својата даночната пријава може да ја поднесат и во Контакт центарот Скопје кој работи секој ден од 9 до 20 часот, освен недела. Пријавата може да се достави и по пошта на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП