9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ: Се повеќе евтини брендови

ЕУ: Се повеќе евтини брендови

Поради осиромашеноста на европските потрошувачи, производителите се почесто лансираат евтини модни брендови наречени „популарно позиционирани производи“ (ППП).

Нова жртва на кризата е потрошувачката во домаќинствата, која во Франција паднала за 0,2 проценти во октомври, според податоците на францускиот завод за статистика – ИНСЕЕ, а намалени се дури и трошоците за храна и козметика кои најдолго одолеваа на кризата.

Осиромашувањето на потрошувачите во Европа не ги изненади големите брендови, пишува францускиот „Paris Match“. Веќе од 2009 година, познатите светски компании излагаат на пазарите со нови модни марки, поевтини од традиционалните.

Некои од нив, на почетокот беа наменети само за земјите во развој, пред да се комерцијализираат во Европа, објаснува Ив Марен од консултантската куќа „Kurt Salmon“. Овие ППП според маркетингшката терминологија, им овозможуваат на производителите да не ги деградираат цената и квалитетот на главните марки, истакнува Марен.

Така, во 2009 година, на ултра конкурентниот пазар на пелени за бебиња, компанијата „P&G“, светска марка број еден во оваа бранша, заедно со „Pampers“, ја лансираше, 20 проценти поевтино, марката „Pampers simply dry“.

Успешен пример за прилагодување на пазарните брендови е компанијата „Nestle“ со својот евтин производ за масовна потрошувачка- „Nescafe 3 in 1“.

Гигантите од агробизнисот се обидуваат да се спротистават на последиците од опаѓањето на куповната моќ и бројните акции за потрошувачите, вели Марен, додавајќи дека, според наводите на представник на групата „Carrefour“, француски ланец на хипермаркети, некои производи како што се пелени и детергенти, понекогаш ги продаваат по производни цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП