3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожностите за инвестирање во Македонија претставени во Милано, Тренто и Асти

Можностите за инвестирање во Македонија претставени во Милано, Тренто и Асти

invest-in-macedonia_a

Можностите за инвестирање во Македонија во наредните три дена ќе бидат претставени на бизнис форум и пред компании во Милано, Тренто и Асти.

Со престојот во трите града министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо и економскиот промотор во Италија Иван Илиев, ја продолжуваат посетата на италијанската држава, што почна на почетокот на неделава.

Во првиот дел на посетата, во Емилија Ромаџина, Болоња, Анкона и Пескара, се остварени средби со неколку компании со кои македонскиот тим е во напредни преговори за потенцијално инвестирање во Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Наумоф.

Секторски тоа се компании од автомобилската индустрија, електро идндустријата и машинската индустрија за специјални возила кои се светски или регионални лидери во својата дејност. Договорени се и дополнителни средби во тек на пролетта со цел финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистика и царински процедури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП