5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБалмер: Жалам што не го искористивме „бумот“ на мобилниот пазар

Балмер: Жалам што не го искористивме „бумот“ на мобилниот пазар

Steve Ballmer

Во разговор со студентите на Оксфорд, Стив Балмер призна дека неговата поранешна компанија не успеала да го искористи „бумот“ на мобилниот пазар, така што на време не го споила хардверот и софтверот.

Балмер, кој ја напушти улогата на Извршен директор на софтверскиот гигант од пред еден месец, пред студентите кажа дека Мајкрософт денес би имал посилна позиција на пазарот на телефони, доколку во последните десет години сториле многу повеќе.

„Жал ми е, доколку погледнеме назад во последните 20 години, жалам што побргу не го споивме хадверот и софтверот“, истакнува Балмер.

Гледајќи наназад во последните 20 години, тој смета дека компјутерите и таблетите со нивниот оперативен систем и хардверот на „IBM“ би биле „магични“, многу повеќе од например спојувањето на Андроид и Самсунг. Но според Балмер за оваа визија да се претстави на пазарот, бил потребен посебен хардвер и софтвер.

Што се однесува до хардверот, поранешниот директор смета дека Мајкрософт фати приклучок и дека во иднина со сигурност нема да заостанува зад најголемите. Балмер смета дека компанијата добро се развива на ова поле и дека многу бргу ќе биде во можност дури и да го престигне „Apple“, кога станува збор за таблетите.

Балмер во Мајкрософт помина 34 години, а и натаму е многу посветен член на Управниот одбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП