3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчко вино од Македонија се продава во Шведска

Грчко вино од Македонија се продава во Шведска

vino11

Во најновата популарна хроника на Шведското радио, посветена на нови производи во шведската продажна мрежа на алкохолни пијалоци „Систембоагет“ се изразува задоволство поради „грчкото будење“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Се вели будење, зашто последниве години се помалку грчки вина се продаваат во Шведска, а новото грчко вино, лансирано деновиве, доби добри оценки од шведските рецензенти.

Станува збор за сортата црвено вино „Рамниста 2009“ кое, како што се вели во освртот на Шведското радио, доаѓа од Науса во Македонија.

Шведскиот рецензент веројатно не ги побркал државите, односно во својата фантазија не го сместил градот Науса на грчкиот остров Парос во Македонија. Имено, во рекламниот каталог на шведскиот државен монопол „Систем болагет“, „Рамниста“ е презентирана како вино од Грција, со географско потекло од грчкиот регион Македонија.

Република Македонија и македонски вина во споменатиот каталог и во шведската продажна мрежа на државниот монопол „Системболагет“, еден од најсофистицираните во Европа, ги нема на рафтовите подолго од една деценија.

Последен пат кога македонските вина се продаваа во Шведска, и тоа со мошне добар успех меѓу конзументите и со солидни оценки во медиумите, беше во 1990-ите години. Тоа беа неколку сортни вина директно увезувани од визбата „Повардарие“, како и уште неколку со посредство на словенечки и унгарски извозни фирми.

Во последниве години се правени неколку обиди за презентација на македонски вина во Шведска, главно потпомогнати од страна на шведски трговски организации и комори при банките за поддршка на увозот, но резултатите, за жал, и понатаму не се видливи и охрабрувачки.

Проблемите и тешкотиите главно се сведуваат на експортните цени, сигурноста и кавнтитетите на испораките и неподготвеноста на македонските винарии и извозници да учествуваа во пинтензивни маректиншки активности насочени кон рестораните и хотелите и кон шведската претприемничка увозна мрежа врз која се потпира грото од набавките во „Системболгагет“.

Моментно во Шведска се продава само „грчко вино од Македонија“. Сепак, по некое шише македонско вино може да се нарача во „Системболагет“, кое не е изложено во редовниот асортиман од преку 300 сорти вина од целиот свет, туку како „невидливо“ чека во магацинот на некој ситен увозник да биде откриено и нарачано од понекој “доброинформиран“ конзумент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП