2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент одби да се изедначат платите помеѓу жените и мажите за...

Европскиот парламент одби да се изедначат платите помеѓу жените и мажите за истите работни места

womanmenpaymentvs46e4g6e4g6w4

Европскиот парламент го отфрли извештајот за рамноправност меѓу мажите и жените, во кој од државите на ЕУ се бара да се гарантира основниот принцип – иста плата за еднаква работа за мажите и жените.

Против овој извештај гласаа 298 пратеници, главно од редовите на конзервативците, 289 гласаа „за“ и тоа најмногу левичарите и либералите, додека 87 пратеници беа воздржани, главно од редовите на „зелените“.

Во извештајот се бара и забрана за отпуштање за време на породилното боледување.

Белгиската пратеничка од редовите на социјалистите, Вероника Де Кајсер, предупреди дека ова е „неверојатен чекор наназад само неолку денови по Меѓународниот ден на жената“.

„Со гласањето не се повредени и нападнати само жените, туку и целото општество, нашите вредности и самото срце на нашата човечност“, наведе француската група на пратеници од редот на социјалистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП