2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLindt & Sprungli очекува раст и во оваа година

Lindt & Sprungli очекува раст и во оваа година

lindtfqmnoijfoj2o3948jf

Швајцарскиот производител на слатки, познат по луксузните чоколади и пралини, „Lindt & Sprungli“ очекува во оваа година раст на продажбата од шест до осум проценти, откако минатата година го зголеми профитот за речиси 24 проценти, соопштија од компанијата.

Како што пренесува Ројтерс, компанијата „Lindt & Sprungli“ во 2013 година оствари нето профит од 303 милиони франци (249 милиони евра), што е раст од 23,7 проценти, додека аналитичарите очекуваа повеќе, односно 306 милиони франци.

Приходите од продажбата се зголемени за 8,6 проценти, на 2,88 милијарди франци, главно благодарение на зголемената продажба во Северна Америка.

Гупацијата во 2014 година очекува понатамошен раст на продажбата и подобрување на економската ситуација, но и продолжение од притисокот на цените на суровите материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП