Според „The Wall Street Journal“, „Foxconn“ сака да го прошири својот бизнис, така што компанијата нема да биде само снабдувач на компоненти и составувач на уредите за големите компании, туку да започне да развива и сопствени производи и услуги.
Поради тоа, компанијата има намера да вработи 15.000 инженери и други експерти во своето седиште во Тајван. Новите вработени би требало да работат на проекти кои се поврзани со телекомуникацијата, електронската трговија, биотехнологија, автоматизација, софтвер и развој на хардвер.
„Foxconn“ моментално има вработено околу 46.000 работници во Тајван и повеќе од милион во Кина. Досега компанијата главно беше позната како снабдувач на компоненти и составувач на уредите за „Apple“ и другите големи технолошки гиганти.