28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ја намалите осетливоста на забите?

Како да ја намалите осетливоста на забите?

zabiosetlivostlw[g[w3lgew

Постојат неколку промени кои можете да ги направете, но сепак намалувањето на осетливоста на забите не е брза и едноставна постапка. Како старееме, така забите стануваат поосетливи од различни причини со тоа што некои причини се посериозни за разлика од други.

Некои од причините за зголемена осетливост на забите се промена на вообичаената паста за заби, течноста за плакнење на устата или пак користењето на производи за избелување на забите. Таквите производи можат да делуваат доста абразивно, па така доколку неодамна сте почнале да користете некој нов производ и сте приметиле зголемена осетливост на забите, пробајте да се вратите на стариот бренд за да видете дали има разлика.

Друго нешто што можете да го направите во врска со овој проблем, е да го намалете внесувањето на кафе и друга храна и пијалоци кои имаат голема киселост, како што е доматот, лимонот, газираните пијалоци. Киселината во овие намирници ги оштетува забите, односно глеѓта, така што ја зголемува нивната осетливост. Секако ова не значи дека треба целосно да престанете да конзумирате вакви производи, туку едноставно да се напиете чаша вода после јадењето за да ја остраните киселината која се наоѓа на забите после оброкот.

Исто така, немојте да ги миете вашите заби барем 30 минути после испиеното кафе. Наводно, тогаш нивото на киселини во вашата уста е најголемо, а глеѓта на забите најмногу е склона кон оштетување, па ќе имате повеќе штета отколку корист.

Друг трик кој можете да го искористете е да ги пиете пијалоците со сламка бидејќи така сокот не оди директно на забите.

Доколку и после овие обиди сеуште имате претерано осетливи заби, најдобро е да посетете стоматолог за тој да открие дали се крие некој друг проблем, како што е скршен заб, кариес, или проблеми со коренот на забот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП