2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот месец стартува производството на i8

Следниот месец стартува производството на i8

BMW-i8-90

„BMW“ ги објави плановите за почеток на производството на моделот „i8“. Според баварскиот гигант, овој автомобил ќе почне да се произведува во април, додека првите испораки може да се очекуваат во јуни.

Оваа компанија исто така ги објави и финалните спецификации на ова возилo, кое ќе го придвижува 1.5-литарски трицилиндарски мотор „Twin Power Turbo“, електричен мотор и литиум-јонска батерија. Хибридниот погон „Plug-in“ ќе генерира вкупна моќ од 362 KS, што ќе му обезбеди на автомобилот од 0 дo 100 km/h да забрза за 4.4 секунди, додека максималната брзина е до 250 km/h.

Овие бројки не се променети, но потрошувачката на возилото е, и тоа на подобро. Таа изнесува 2.1 L/100 km со „CO2“ емисија од 49 g/km. Движењето само на електричен погон ќе изнесува 37 km, a „i8“, според баварскиот производител, ќе има „помала потрошувачка на гориво во реалниот живот“, со оглед на тоа дека за околу 50 проценти ќе биде поштедлив од спортските автомобили со конвенционален погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП