2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален бројот на патници на Swiss International Air Lines

Намален бројот на патници на Swiss International Air Lines

swissjnmhairlines

Швајцарската авиокомпанија „Swiss International Air Lines“ во февруари имала 1,08 милиони патници, што е за 2,4 проценти помалку отколку во февруари 2013 година.

Вкупниот број на летови беше помал за 4,4 проценти и изнесуваше 10,592, што се должи на намалувањето на бројот на европските летови (за 5,6 проценти), додека на интернационалната мрежа е забележан раст од 4,5 проценти, соопшти „Swiss International Air Lines“, пренесува агенцијата АП.

Стапката за исполнетост на седиштата во минатиот месец е зголемена за 0,4 процентни поени, на 77,5 проценти, при што кај европските летови е забележан пад од 1,1 процентен поен, на 69,9 проценти, додека кај меѓународните летови стапката е зголемена на 80,9 проценти (+ 0,9 поени), се вели во соопштението на компанијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП