6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus отвора филијала во Индија

Airbus отвора филијала во Индија

airbus4s46fg46gf464fga

„Airbus“ ќе отвори филијала во Индија во целосна сопственост, со цел концентрирање на активностите на пазарот кој се оценува како стратешки и со голем потенцијал на раст.

Како што пренесува АФП, оваа филијала на „Airbus“ ќе му овозможи да раководи со активностите кои се распоредени во неколку центри во Индија.

Во соопштението се прецизира дека „Airbus“ ќе располага со центри наменети за клиентите во Делхи и Мумбаи.

Приходите од продажбата на „Airbus“ во Индија се тројно поголеми во последните три години, а во 2013 година тие изнесуваа повеќе од 250 милиони евра, додека за тековната година се очекува најголемиот раст за последните 10 години.

Индиските авиопревозници користат флота од 170 авиони на „Airbus“, а пазарниот удел на француската компанија на овој пазар изнесува 60 проценти од вкупната вредност на нарачки од оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП