29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Младите не смеат да бидат невработени повеќе од четири месеци

ЕУ: Младите не смеат да бидат невработени повеќе од четири месеци

androulahbwh78o3yhfhew

ЕУ и државите членки мораат двојно да ги зголемат напорите за решавање на проблемот со младите кои се невработени и не се вклучени во програмите за образование или обука (NEET), се вели во соопштението на Европската комисија по повод говорот кој во Букурешт го одржа европската комесарка за образование, култура, повеќејазичност и млади Андроула Василиу.

Таа истакна пет области кои можат да поттикнат промени.

Таа смета дека правилно е да се задржат младите лица подолго во образовниот систем со цел максимално да се искористат предностите кои ги нуди образованието. Потоа треба целосно да се спроведе Гаранцијата на ЕУ за млади со цел ниедно младо лице да не биде невработено или неактивно повеќе од четири месеци.

Како трета точка се истакнува дека е потребно да се стави поголем акцент на работата на младите за да се намали јазот меѓу младите луѓе и пазарот на трудот. Четвртата точка бара зголемување на квалитетот и понудите за практиканските програми и системот за двојно учење, а петтата точка е дека треба максимално да се искористат можносите кои „Erasmus+“ ги нуди за неформална мобилност за образовните цели, на пример преку Европската волонтерска служба, преку која се зајакнуваат вештините и самодовребата на младите.

„Социјалната вклученост на младите кои се невработени и не се вклучени во програмите на образованието или обуките е голем проблем кој мора да го решаваме сега, а не после. Од тоа зависи иднината на Европа“, изјави таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП