2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена вредноста на откупените и продадени земјоделски производи

Зголемена вредноста на откупените и продадени земјоделски производи

zelencuk-i-ovosje

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари годинава изнесува 1.321.155.000 денари, што претставува зголемување од 47,2 проценти во споредба со јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 54,4 проценти, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата за 12,7 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи статистика бележи кај индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата, а намалување кај житата, зеленчукот, фуражните растенија и грозјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП