2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за современ маркетинг

Конференција за современ маркетинг

ivoivojdnb3uiyr7cbg3c1

– Македонија се наоѓа на 37 место во светот по е-фрикција, односно по немање отпор за развој на информатичко општество, а на 27 место по интернет инфраструктурата на рангирањето што го направи Бостон консалтинг груп за време на конференцијата во Давос.

Ова го истакна министерот за информатико општество и администрација Иво Ивановски на Втората конференција за современ маркетинг во Македонија што денеска се одржува во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори заедно со маркетинг агенцијата Goclick и Google.

Тој посочи дека во рангирањето се опфатени 65 најуспешни земји во светот каде што нема отпор за развојот на интеренетот.

– Кај овие земји електронската економија или како што се нарекува е-бдп (електронскиот бруто домашен производ) е два пати поголема од оние земји каде има висок коефициент на е-фрикција. Инфраструктурата е основен двигател на интернетот и затоа ќе продолжиме да инвестираме во неа за да можат граѓаните активно да бидат вклучени во новото дигитално време, а со тоа да им се овозможи на малите и средните компании поактивно да присуствуваат во рекламирањето преку интернетот, рече Ивановски.

Нагласи дека според Бостон консалтинг груп, до 2016 година електронската трговија во Г-20 земјите треба да достигне до 4,2 трилијарди долари.

– Тоа покажува дека иднината е во интеренетот и рекламирањето преку интернет особено преку социјалните мрежи, порача Ивановски.

Нагласи дека речиси 100 проценти од македонските компании користат интернет, а веб- страници за интернет трговија имаат најголемите компании. Би сакал, додаде, сите компании да имаат веб-страници за да можат да продаваат услуги преку интернет и со тоа нивните производи да се продаваат на секаде во светот.

– Во Македонија е исто безбедно да се тргува преки интеренет како и секаде во светот, истакна Ивановски.

На Конференцијата се дискутираат најновите трендови во маркетингот на глобално ниво, а присутни се компании од ИКТ секторот, маркетинг агенции, туристичко – угостителски фирми, но и индустриски капацитети, поточно маркетинг секторите на компании од речиси сите економски дејности.

Претседателот на ИКТ комората на Сојузот на стопански комори, Саша Огненовски нагласи дека потенцијалите на интернет маркетингот се неограничени.

– На денешната конференција ќе ги согледаме трендовите во сферата на интернет маркетингот и влијанието на социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот.

Целта е оперативното ниво во компаниите да се запознае со можностите кои интернетот ги нуди во сферата на маркетингот, со поголем акцент на Google и Facebook, потенцира Огненовски.

Тој посочи дека е евидентно оти во Македонија се повеќе се дискутира за интернет маркетинг и менаџерите согледуваат дека вреди да се направат обиди за инвестирање во интернет маркетингот.

– Основа за успешно работење за секоја компанија се брилијантна идеја, добар бизнис план и креативен маркетинг. Во услови кога сме сведоци на масовна интернет експанзија и зголемување на бројот на корисници на социјалните медиуми, веб портали и сл. треба да се искористат потенцијалите на интернет огласувањето како најатрактивен медиум за огласување и привлекување клиенти и корисници, рече Огненовски.

Интернетот, нагласи, донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот, од кои еден е и пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика.

– Чисти и јасни веб-страници за претставување на компанијата со убав дизјан и лесен пристап до информациите се основа за привлекување нови потрошувачи и клиенти, додаде Огненовски.

Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија, рече дека со конференцијата сакаат да го приближат он-лајн маркетингот во Македонија за да можат македонските компании почесто да се појавуваат на интернет во сите можни облици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП