7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада и Јужна Кореја потпишаа договор за слободна трговија

Канада и Јужна Кореја потпишаа договор за слободна трговија

kanadajuznakoreja446vevew

Претседателот на Јужна Кореја Парк Геун-ху и канадскиот премиер Стивен Харпер денеска во Сеул го потпишаа договорот за слободна трговија меѓу двете држави. Ова е прв ваков договор меѓу Канада и некоја азиска држава.

Договорот е постигнат по повеќемесечни преговори, пропратени со отпор на канадската опозиција и дел од стопанствениците, кои стравуваа од преплавување на канадскиот пазар со евтини јужнокорејски производи, особено од автомобилската и електронската индустрија.

По Кина и Јапонија, Јужна Кореја е трет по големина канадски економски партнер од Азија, а седми во светски рамки.

Во 2012 година вкупната размена меѓу двете држави била околу 10 милијарди канадски долари, а јужнокорејанскиот извоз во Канада бил 6, 3 милијарди. Минатата година обемот на економска размена е речиси непроменет, но се очекува дека договорот за слободна трговија ќе придонесе за зголемување на трговијата меѓу двете земји за 20 до 30 посто во следните три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП