27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот суфицит на Германија

Намален трговскиот суфицит на Германија

germany-trade0

Германскиот трговски суфицит е намален во јануари, бидејќи увозот е зголемен со побрзо темпо отколку извозот, покажаа денес објавените податоци во Берлин.

Според сезонски прилагодените податоци, Германија во јануари извезла стока вредна 94,5 милијарди евра, во однос на 92,5 милијарди евра во декември, наведува германскиот Завод за статистика, Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Увозот е зголемен со побрзо темпо, на 77,3 од 74,2 милијарди евра, што значи дека сезонски прилагодениот трговски суфицит е намален.

Доколку од пресметките се исклучат сезонските фактори, трговскиот суфицит пораснал на 15 од 13,9 милијарди евра, наведува Дестатис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП