20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГи чува забите подобро од било која паста

Ги чува забите подобро од било која паста

zabipasta546s4g6g46

Освен што убаво се вклопува во слатките, тој може да ви помогне и во хигиената. Кокосот е многу моќна билка која може да ги убие бактериите одговорни за расипувањето на забите.

Тим научници од Ирска тестирале примерок од кокосово масло на Streptococcus mutans – бактерија што се лепи на забите и произведува киселина што предизвикува ронење на забите.

Воочиле дека маслото помешано со ензими станало силно средство за убивање на бактеријата.

Научниците сметаат дека кокосот би требало да се наоѓа во пастите за заби и во течностите за плакнење на устата, со што забите би биле значително позаштитени отколку сега, додаваат тие.

Водичот на истражувањето, доктор Демиен Брејди вели: „Забниот кариес е здравствен проблем на кој не му се посветува доволно внимание. Влијае на 60 од 90 проценти кај децата и кај повеќето возрасни во развиените земји. Кокосовото масло модифицирано со ензими во производите за хигиена на забите би можело да биде атрактивна алтернатива на хемиските адитиви, особено затоа што делува во релативно ниска концентрација“.

Кокосовото масло, исто така, ја убива и габичката кандида албиканс, која предизвикува вагинален исцедок, болка, пецкање или печење при мокрење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП