27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте бројот на туристи кои ја посетуваат Македонија

Расте бројот на туристи кои ја посетуваат Македонија

general-turist

Ретките природни убавини, одличната местоположба, бројните историски знаменитости, огромното материјално и духовно наследство на Македонија се чини дека се повеќе ги привлекуваат странските туристи. Според статистичките податоци, во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во 2013 година оваа бројка се зголемила за над 15 % ! Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи во нашата земја, што покажува дека се почесто странските туристи ги препознаваат вредностите на Македонија и се одлучуваат за подолг престој во нашата земја.

Според еден од најголемите туристички оператори во Македонија, туристичката агенција „Генералтурист“, во 2013 година Македoнија ја посетиле голем број на туристи од Турција, а само преку нивните аранжмани над 8000 турски државјани! И додека македонците во Турција најчесто ги посетуваат разните приморски дестинации (особено Анталија, Бодрум и Кушадаси) кои нудат одличен одмор и забава, или пак Памук Кале, Ефес, Кападокија и други егзотични археолошки локалитети, Турците во Македонија најмногу ги привлекува главниот град Скопје. Исто така, значајно е да се спомене дека гостите од Турција, во просек, трошат повеќе парични средства во земјава отколку било кои странски туристи кои ја посетуваат Македонија.

Традиционалното македонско–турско пријателство, заедничките вредности и интереси, магијата на големиот број на споменици и археолошки богатства од османлискиот период во Македонија- Камениот Мост, тврдината Кале, старата Турска Чаршија, Мустафа-пашината џамија, Јаја Пашина џамија, но и самиот факт дека Македонија е егзотична историска дестинација и културна лулка на Балканот, се причина за зголемениот интерес на граѓаните од Турција за туристичка обиколка.

Среќни сме што можеме да се пофалиме дека изминатата година успеавме да го зголемиме бројот на странските посети, посебно од Турција каде бројката го надмина 8000-тиот турист, а со тоа директно учествуваме во годишното зголемување на странски туристи во Македонија кој во 2013 година бележи раст од 15%. Нашата агенција веќе со години бележи успеси во полето на туризмот и можеме да истакнеме дека најголем дел од БДП кој доаѓа од туризмот, е преку нашата агенција. Причина за тоа е сигурноста и довербата која во нас ја имаат нашите клиенти, репутацијата на агенцијата, како и самиот факт дека поседуваме сопствена флота на луксузни автобуси, со ТВ пред секое седиште и сателитски канали, нудејќи врвен комфорт за секој патник,  како и соработка со најголемите авионски компании, што ни овозможува да организираме посебни чартер летови и  да креираме специјални и атрактивни понуди“, изјави Аркан Керим, генерален менаџер на Генералтурист.

Исто така една од поактуелните понуди, кои се дополнителна причина Македонија да биде посетувана земја, се популарните „Балкански тури“ кои како пакет овозможуваат посета на најавтентичните  културно-историските споменици на земјите од Балканот.

Ова е еден одличен пример за промоција и искористување на туристичките потенцијали и капацитети на Македонија за развој на туризмот кој може да биде еден од главните извори на приходи. Во светот, во областа на туризмот е вработен секој десетти работник, па така инвестициите во таа област се одлична можност да се намали бројот на невработеност во Македонија. http://www.generaltourist.com.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП