7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагреб добива бесплатен интернет

Загреб добива бесплатен интернет

zagreb

Загрепските власти планираат со реализација на проектот вреден седум милиони евра, да воведат еден од најмодерните системи на безжичен Интернет, кој ќе овозможи целиот град да може бесплатно да ја користи глобалната мрежа, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“.

– Нема тоа да бидат типични Ви-Фи спотови, со мал домет и слаба пропустливност. Нема да биде од оној вид на логирање на Интернет, кога ви требаат безброј секунди за да се вчита страницата или кога мора да се одвојат десет минути за од почеток до крај да се изглед триминутно видео на Јутјуб, пишува на својата веб страница „Јутарњи лист“, повикувајќи се на соработниците на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Според весникот Загреб за неколку месеци во својот центар би можел да биде опремен со т.н. „Меш“ мрежа, која на граѓаните би им овозможила со помош на своите смартфони, таблети и лаптопи бесплатно да се вклучуваат на Интернет, да симнуваат содржини, да комуницираат, да плаќаат онлајн сметки и да читаат вести.

Овој проект, за кој како што пишува весникот, загрепските власти веќе распишаа тендер, во првата фаза на спроведувањето би чинел околу 140 илјади евра.

Во првата фаза на проектот со сигнал ќе бидат покриени железничките и автобуските станици, што ќе им биде од голема помош на патниците, но и на бројни туристи, кои на тие два пункта пристигнуваат во Загреб. Во крајната фаза на проектот предвидено е поголемиот дел од Загреб да биде покриен со бесплатен Интернет, а вкупната цена на целиот потфат, кој делумно ќе се финансира и од фондовите на ЕУ, ќе чини околу седум милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП