3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав успешно работеше во 2013 година

Групацијата Триглав успешно работеше во 2013 година

triglav

Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав во 2013 година работеа добро и годината ја завршија со повисока добивка од планираната. Добивката на Групацијата Триглав пред оданочување изнесуваше 83,6 милиони евра (7% пониска од минатогодишната и 21% повисока од планираната), а нето добивката изнесуваше 69,9 милиони евра (5% пониска во споредба со 2012 година и 27% повисока од планираната). Добивката на Заваровалница Триглав пред оданочувањето изнесуваше 59,6 милиони евра (9% пониска во споредба со претходната година и 14% повисока од планираната). Со неревидираните финансиски извештаи на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2013-та беше запознат и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав.

Продолжувањето на економската криза се одрази и на обемот на фактурирана премија од осигурување. Во 2013 година на сите пазари и понатаму се забележува пад на активностите на стопанските субјекти, нови стечаи на претпријатија, сè послаба куповна моќ на населението и исклучително силна конкуренција. Заваровалница Триглав и Групацијата Триглав на овие околности одговорија со креирање на нови и преструктуирање на постоечките производи, со прилагодување на маркетиншката и продажната политика, како и со промотивни понуди, но и покрај тоа не беа во можност во потполност да го ублажат падот на премијата. Групацијата Триглав во 2013 година фактурираше 900,9 милиони евра премија од осигурување (4% помалку од планираната и 4% помалку во споредба со претходната година), додека пак Заваровалница Триглав фактурираше 605,8 милиони евра (4% помалку од планираната и 6% помалку во споредба со 2012 година).

Со фокусирано управување со портфолиото на имотни осигурувања беше постигнат поволен комбиниран коефициент, кој за Групацијата Триглав изнесуваше 91,0% (3,7 процентни бодови подобро од планираното), а за Заваровалница Триглав 85,3% (односно 7,1 проценти подобро од планираното).

“И покрај тешките економски услови, во 2013 година ги надминавме плановите и го задржавме високото ниво на финансиска стабилност. Во согласност со нашата ревидирана стратегија и во иднина ќе се фокусираме на основната дејност- осигурувањето, и на  постигнувањето на што поголема профитабилност и безбедност во работењето. И понатаму ќе настојуваме групацијата да ја сочува водечката улога на словенечкиот пазар и да ја јакне својата присутност на целните пазари во регионот на југоисточна Европа“, беше коментарот на Андреј Слапар, Претседател на управата на Заваровалница Триглав, за презентираните резултати.

Консолидираните бруто оперативни трошоци за дејноста на осигурување беа на приближно исто ниво споредено со претходната година, па за Групацијата Триглав изнесуваа 230,3 милиони евра, додека во Заваровалница Триглав изнесуваа 161,3 милиони евра. И во Групацијата Триглав и во матичното друштво бруто оперативните трошоци во дејноста на осигурување се пониски за 2% од планираното.

Бруто ликвидираните штети на Групацијата Триглав во 2013 година изнесуваа 627,5 милиони евра, што е за 2% повеќе во споредба со 2012-та и за 3% пониско од планираното. Во матичното друштво бруто ликвидираните штети изнесуваа 419,4 милиони евра, што е за 1% повеќе од годината претходно и за 9% пониско од планираното.

Бруто техничките резерви на Групацијата Триглав се намалија за 2% и на последниот ден од 2013 година изнесуваа 2,26 милијарди евра. Нивниот удел во билансната сума изнесуваше 73,5%. Техничките резерви на Заваровалница Триглав во висина од скоро две милјарди евра се за 1% повисоки од планираните и за 2% пониски од претходната година.

Иако Заваровалница Триглав води релативно конзервативна инвестициона политика, сепак можностите на пазарот на капитал неповолно вилјаеа на вредноста на некои инвестиции. Нивното намалување првенствено се одрази на намалената нето добивка. Финансиските средства на Групцијата Триглав трајно се ослабени за 28,1 милион евра.

Наспроти негативните ефекти на економско-финансиските можности во Словенија и во регионот, Групацијата Триглав во 2013 година ја зајакна својата капитална положба уште повеќе. Вкупниот капитал на Групацијата Триглав кон крајот на 2013-та изнесуваше 590,5 милиони евра, што е за 3% повеќе споредено со претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП