5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија на пат кон закрепнувањето

Американската економија на пат кон закрепнувањето

sadamerikd83b5823953

Економијата на САД е на пат во наредните две години да оствари економско закрепнување, соопштија вчера економските советници на американскиот претседател Барак Обама.

Во годишниот извештај на Советот на економски советници на Белата куќа се наведува дека американската економија оваа година ќе порасне за 3,3 проценти, а во наредната година за 3,5 проценти, додека невработеноста во 2015 година ќе се намали на 6,4 проценти, а во 2016 година на 6 проценти, пренесува АФП.

Во овој извештај, исто така, се вели дека САД и Германија се единствените две од 12 најголеми економии во светот кои по меѓународната финансиска криза од 2008 година се вратија на патот на економски раст од периодот пред кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП