19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Се намалуваат инвестициите, државната потрошувачка расте

Хрватска: Се намалуваат инвестициите, државната потрошувачка расте

hrvatskand389nvc

Бруто домашниот производ (БДП) на Хрватска во четвртиот квартал од 2013 година реално беше помал за 1,2 проценти во однос на истиот квартал во 2012 година, со што БДП на Хрватска се намалува веќе дваесет квартали.

Според проценките, реалниот БДП на Хрватска од почетокот на кризата е во минус за 15 проценти.

Трошоците на домаќинствата во четвртиот квартал од 2013 година се намалиле за 1,8 проценти, а падот на бруто инвестициите во фиксниот капитал изнесуваше 3,3 проценти, јавуваат хрватските медиуми.

Извозот на стока и услуги е намален за 3,8 проценти, најмногу поради падот на извозот на стоки за 5,6 проценти. Увозот на стока е намален за пет проценти, додека увозот на стоки и услуги е намален за 4,4 проценти.

Државната потрошувачка во последниот квартал од 2013 година е зголемена за 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП