6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо подготовка е уште поскап и полуксузен Range Rover

Во подготовка е уште поскап и полуксузен Range Rover

rr lwb с22

Шефот на одделението за дизајн на „Land Rover“, Гери МекГоверн за медиумите изјави дека овој производител подготвува нова топ верзија на „Range Rover“, која ќе биде уште полуксузна и поскапа од сегашниот „Range Rover Autobiography“.

МекГоверн најави дека новата верзија ќе понуди поголема „идивидуалност“ и „ултимативно ниво“, па се очекува тоа да биде алтернатива на идните луксузни „SUV“ модели, каков што например подготвува „Bentley“.

Моментално најскапиот „Range Rover“ e „Autobiography Black“ со подолго меѓуосовинско растојание, кое во САД чини 199.500 долари, додека новата топ верзија во секој случај ќе се продава на пазарот многу повеќе од 200.000 долари.

МекГоверн исто така го потврди и спортскиот „Range Rover Sport RS“. Oвој модел би требало да го придвижува 5.0L V8 мотор со 543KS, a неговото забрзување до 100 km/h ќе изнесува помалку од 5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП