26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 600 милиони фунти продолжи верноста на „ѓаволите“ со „Најк“

За 600 милиони фунти продолжи верноста на „ѓаволите“ со „Најк“

man-united-kit

Актуелниот шампион на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед ќе потпише нов, десетгодишен договор со компанијата за спортска опрема „Најк“ со вредност од 600 милиони фунти.
Иако избраниците на Мојс следната сезона најверојатно нема да настапуваат во Лигата на шампионите, а со самото тоа ќе загубат огромна сума на пари, сепак се чини дека парите ќе продолжат да се слеваат во клубот.

Неодамна челниците на Јунајтед наводно договориле „црвените ѓаволи“ да одиграат неколку пријателски натпревари на Далечниот и Блискиот Исток, како и во Северна Америка со што до одредено ниво би се амортизирале загубите од неиграњето во Лигата на шампионите.

Сепак, споменатиот нов спонзорски договор дефинитивно ја побива секоја теза за евентуалната финансиска криза на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ја носат спортската опрема на „Најк“ веќе 13 години, а покрај 60-те милиони фунти кои следуваат според новиот договор (најверојатно ќе важи 10 години), не треба да се заборават и 35-те милиони фунти на годишно ниво кои клубот ќе ги добива од уште еден спонзор – „Шевролет“.

Интересно е што новиот договор на Јунајтед и „Најк“ е речиси двојно поголем од оној кој Реал го има со „Адидас“, а според него „Кралскиот клуб“ на годишно ниво инкасира 31 милион фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП