3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав размислува за повлекување од Чешка

Триглав размислува за повлекување од Чешка

triglavjnc832vp

Словенечкиот осигурител „Триглав“ најави дека размислува за повлекување од Чешка, каде со својата компанија е присутен од 2000 година, пишува бизнис весникот „Finance“.

„Триглав“ го разгледува неговото натамошно присуство на чешкиот пазар од аспект на значењето на тој пазар и постигнувањето на потребните стратешки цели“, наведува „Триглав“ во соопштението до јавноста.

„Триглав“ има намера да ја продаде својата Чешка компанија „Триглав Појиштовна“, која во минатата година работеше со два милиони евра загуба, на осигурителниот пазар на кој се присутни околу педесетина осигурителни компании, а меѓу нив се и најсилните европски осигурителни компании.

„Триглав“ во 2000 година во Чешка за 56 милиони круни ја купи осигурителната компанија „Појиштовна“, но не успеа со своите амбициозни планови за експанзија на чешкиот пазар и создавањето на добивка бидејќи во Чешка е голема конкуренцијата во деловното осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП