3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFyffes и Chiquita се спојуваат во најголем снабдувач на банани

Fyffes и Chiquita се спојуваат во најголем снабдувач на банани

Bananа1341

Американскиот прехрамбен гигант „Chiquita“ и ирскиот „Fyffes“ имаат во план да ги здружат силите и на го создадат најголемиот снабдувач на банани во светот, вреден околу милијарда долари, известуваат британските медиуми.

Се очекува новата компанијата „ChiquitaFyffes“ годишно да продава околу 160 милиони кутии со банани, многу повеќе од сите останати конкурентски компании, наведува „BBC“.

„Ова е важна трансакција за „Chiquitа“ и „Fyffes“ кои ќе го обединат тоа што е најдобро во двете компании“, вели Ед Лонерган од „Chiquitа“.

Акциите од новата компанија ќе бидат пуштени да котираат на берзата во Њујорк.

По спојувањето акционерите ќе добијат удел во двете компании, па така акционерите на „Fyffes“ ќе поседуваат околу 49,3 проценти од заедничката компанија.

Лонерган нагласува дека договорот ќе помогне да се намалат трошоците и да се прошири подрачјето на работење.

Спојувањето е најавено откако „Fyffes“ извести за 9,8 процентното зголемување на добивката пред оданочување во 2013-та година или сума од 28,7 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП