27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ златото може да биде лош избор

И златото може да биде лош избор

zlatoloshizbor41654e64ge64gs64gs

Централната банка на Швајцарија во 2013 година забележа нето загуба од 9,1 милијарди швајцарски франци во однос на шест милијарди франци од претходната година.

Како што соопштија од таа банка, главната причина за таквото работење се големите загуби поврзани со падот на вредноста на златото, пренесува агенцијата Интерфакс.

Банката поради загубата ја суспендираше исплатата на дивидендата, како и уплатата во државниот буџет и буџетот на општините.

Како што се наведува во соопштението на банката, нејзината загуба, предизвикана од падот на вредноста на златните резерви кои изнесуваат 1.040 тони, во минатата година достигна 15,2 милијарди франци. Златото во 2013 година поевтини за 30 проценти, што е најбрзото темпо од 1981 година.

Покрај тоа, приходите од инвестициите во странски валути достигнаа 3,1 милијарди франци, додека загубата од инвестирањето во националната валута изнесувала 91 милион франци. Од продажбата на имотот „UBS AG“ заработила 3,4 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП