2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени петте најуспешни жени во градежништвото

Прогласени петте најуспешни жени во градежништвото

zeni gradeznici

Скопски саем на последниот ден од Саемот за градежништво им додели признанија на петте најуспешни жени во градежништвото.

Наградени се Радојка Дончева, Олгица Стокуќа, Марјана Поповска, Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Драгана Чифлиганец.

– Скопски саем по повод Саемот за градежништво и 8 Март, денот кој ја слави борбата за правата на жената, издвојува пет жени од сферата на градежништвото, со цел да им оддаде простор за признание. Нив ги издвојуваме од една страна како пионери и заговорници на градежниот шлем во женска форма, а други пак поради признанија и проекти кои се значајни во кратката македонска историја на македонската жена градежник, велат од Скопски саем.

Оттаму информираат дека покрај овие пет жени, во градежништвото се почесто се среќаваат жени проектанти и инженери, а има и се повеќе студентки на Градежниот факултет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП