28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Италија презентација на поволностите за инвестирање

Во Италија презентација на поволностите за инвестирање

investirajvomakedonijajamakmak1

– Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо престојуваат во Италија каде што ќе ги презентираат поволностите за инвестирање во Македонија.

Во текот на посетата на северна и централна Италија планирано е да бидат реализирани посети и директни средни со менаџери на компании од таргет сектори.

Посетата почнува во регионите Емилија Ромања и Марке каде што ќе бидат остварени средби со раководствата на неколку водечки компании од областа на производството на висока технологија. Делегацијата ќе има и работна вечера со менаџерите на глобална компанија, лидер во производство на машини за градежна и рударска индустрија.

Во рамки на посетата, како што информира кабинетот на министерот Наумоф, планирани се средби и со компании кои веќе ја разгледуваат Македонија како инвестициска дестинација и со кои преговорите се во тек врз основа на претходно остварените контакти за време на посетите на Италија.

За време на еднонеделната посета на Италија, ќе бидат остварени средби со компании од седум градови од регионите Пиемонте, Ломбардија, Емилија Ромања, Марке, и Трентино-Алто Адиџе (Јужен Тирол).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП