28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИADAC затаил данок од 500 милиони евра

ADAC затаил данок од 500 милиони евра

adac_gelber-engel

Германски „ADAC“, најголемиот автомобилски клуб во Европа со преку 18 милиони членови, влегува од еден скандал во друг! Тркалото на среќата почна да се врти кон крајот на минатата година со признавањето дека манипулирале со резлутатите при изборот за најдобар автомобил на годината за кој гласале читателите на нивниот месечен магазин.

Набргу потоа беше откриена аферата која е поврзана со злоупотребата при користењето на службените авиони и хеликоптери кои се наменети за прва помош, а биле користени за приватни цели. Овој викенд беше откриен уште еден скандал кој е поврзан со затајувањето на данокот и махинациите при осигурувањето на возилата.

Имено, според се уште ограничените информации, германските даночници откриле дека во периодот од 2007-та до 2009-та година во државната каса не се уплатени даноци кои беа собрани при задолжителното и каско осигурувањето на возилата на членовите на „ADAC“. Проценетиот износ на даночното затајување изнесува дури 500 милиони евра.

И покрај се, тука не е крај на маките на „ADAC“, затоа што се уште се води истрага која е поврзана со зголемувањето на проценката на штетите на осигурените возила од реалните, па така минатата година биле „собраните“ повеќе од 67 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП