28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економскиот раст на Јапонија

Забави економскиот раст на Јапонија

O

Економијата на Јапонија во последниот квартал од 2013 година напредуваше со побавно темпо отколку што првично се очекуваше, поттикнувајќи загриженост околу економското закрепнување кое беше иницирано од страна на премиерот Шинзо Абе.

Ревидираните податоци го свртеа вниманието на пазарот кон Банката на Јапонија и шпекулациите дека таа би можела да иницира дополнително монетарно олабавување за да ги надокнади евентуалните последици од растот на данокот на промет кој ќе стапи на сила наредниот месец, пренесува агенцијата Франс прес.

Постојат стравови дека зголемувањето на референтната каматна стапка, која се смета за клучна за намалување на огромниот јавен долг, ќе ја погоди домашната потрошувачка и ќе го загрози економското закрепнување.

Третата по големина светска економија напредуваше за 0,2 проценти во три месеци заклучно со декември и 1,5 проценти во цела 2013 година, во однос на претходно проценетите 0,3 проценти од претходниот квартал и 1,6 проценти од 2013 година.

Минатогодишниот резултат сепак е најдобар во изминатите три години, по растот од 1,4 проценти во 2012 година и падот од 0,5 проценти во 2011 година, поради разорниот земјотрес и цунамито во март таа година, како и нуклеарната криза која следеше.

Јапонскиот дефицит на тековната сметка е зголемен за повеќе од четири пати во јануари на рекордни 1,589 милијарди јени (15,4 милијарди долари), покажаа податоците претставени во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП