3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите веруваат во својата економија

Бугарите веруваат во својата економија

bugarijasofija

Индексот на довербата на бугарските потрошувачи во јануари се зголеми за 5,9 поени во однос на последниот квартал од 2013 година, соопшти бугарското Национално биро за статистика.

Растот на довербата на потрошувачите во домашната економија поизразен е во градовите (+6,2 поени), отколку во руралните подрачја (+5,0 поени), пренесува агенцијата Ибифранс.

Оценката на економската ситуација во последните 12 месеци, како и изгледите во наредната година, беше помалку лоша во однос на анкетата во октомври 2013 година.

Потрошувачите оценуваат дека цените во последните 12 месеци продолжиле да растат, но со побавно темпо и сметаат дека во наредните 12 месеци инфлацијата дополнително ќе забави.

Исто така, потрошувачите очекуваат дека вработеноста во 2014 година ќе се стабилизира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП