28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележување на Глобалната недела на пари

Одбележување на Глобалната недела на пари

zvoncheck934nrc43t98 54bv5

– Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на најдобриот ученик во Средното економско- правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје денеска ќе започне одбележувањето на Глобалната недела на пари во Македонија.

На учениците ќе им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, а оној кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие наградна бесплатна обука во Македонската берза за принципите на пазарите на капитал.

На настанот најавено е учеството на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.

Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март и во неа учество ќе земат околу два милона деца од над 100 земји во светот. Тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП