29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпадна продажбата на GAP

Опадна продажбата на GAP

gapgapjn8iyrqa

Американскиот дистрибутер на облека „GAP“ во февруари оваа година забележа пад на продажбата од 3,8 проценти на годишно ниво, така што приходите изнесуваа 929 милиони долари.

Како главна причина за намалување на продажбата, компанијата го наведува неповолното економско окружување, но и лошите временски услови.

Пресметано според брендовите, брендот „GAP“ имаше пад на продажбата од 10 проценти, додека преостанатите два брендови, „Banana Republic“ и „Old Navy“ поминаа малку подобро, со пад од седум и шест проценти, пренесува агенцијата АФП.

Во поглед на перспективите, „GAP“ останува внимателен со проценките поради неповолното влијание на девизните курсеви, кое и во текот на минатата година го намали профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП