26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто витаминот Ц не разубавува?

Зошто витаминот Ц не разубавува?

vitcvitamo;98bn

Покрај тоа што исклучително поволно влијае на имунитетот, витаминот Ц ги прави поубави и вашите нокти, коса и кожа.

Витаминот Ц е многу важен за одржување на колагенот во организмот, исто така, ги зајакнува крвните садови и на кожата и овозможува еластичност и сила. Затоа мноу е важно во текот на денот да земаме витамин Ц во доволни колични, ова особено важи за пушачите.

За здрава коса

Витаминот Ц е една од најважните состојќи за поттикнување на растот и зајакнувањето на косата. Тој ја обновува косата и дава свежина и цврстина.

Ќе изгледате поздраво и посвежо

Витаминот Ц игра важна улога во апсорцијата на железо во организмот, додека железото многу придонесува за општото здравје, а со самото тоа придонесува и за изгледот.

Го поттикнува растот на ноктите

Вашите нокти побрзо ќе растат и ќе бидат поубави, бидејќи витаминот Ц ги регенерира ноктите, сврзното ткиво, коските и ѕидовите на крвните садови.

Делува превентивно на појавата на кутикулите

За да ја избегнете болната, но и не толку привлечна појава на кутикулите, зголемете го дневниот внес на витамин Ц.

Ги елиминира знаците на стареење

Истражувањата покажуваат дека жените во средните години кои внесувале повеќе витамин Ц ги ублажиле борите и го решиле проблемот со сувата кожа. Експертите велат дека витаминот Ц ги одложува знаците на стареење поради способноста за уништување на слободните радикали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП