11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKKR нов сопственик на SBB

KKR нов сопственик на SBB

kkrgu7v64cx43x

Водечкиот глобален инвестициски фонд „Kohlberg Kravis Roberts“ го потврди купувањето на групацијата „SBB/Telemach“, водечкиот кабловски и интернет оператор во југоисточна Европа.

„KKR“ на 15 октомври 2013 година го потпишаа конечниот договор за купување на „United Group“, која работи со „SBB/Telemach“, од „Mid Europa Partners“.

Неофицијални информации за продажбата на „SBB“ се појавија на медиумите ден по потпишувањето на конечниот договор, според кои вредноста на трансакцијата изнесува една милијарда евра.

За оваа трансакција претходно се добиени и потребните вообичаени регулаторни одобренија. Исто така, објавено е склучувањето на договорот за трансакција со која „Европската банка за обнова и развој“ (EBRD) вложува средства од 50 милиони долари заедно со „KKR“.

Работејќи под брендовите „SBB“ и „Telemach“, „United Group“ има 1,89 милиони корисници на шест пазари низ поранешна Југославија со вкупна популација од на 20 милиони жители.

„По трансакцијата, во потполност сме подготвени да ги забрзаме плановите за овој регион, нудејќи им на граѓаните широк спектар на висококвалитетни услуги по пристапни цени“, рече основачот и претседател на Ивршниот одбор на „United Group“.

„Со поддршка на таквите меѓународни инвеститори како што се „KKR“ и „EBRD“, ќе продолжиме да работиме во согласност со строгите европски стандарди и прописи“, додаде тој.

Според зборовите на раководителот на европскиот тим за телекомуникации и технологија на „KKR“ за Европа, Хенрик Крафт, ова е прва директна инвестиција на „KKR“ во централна и источна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП