Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го посети Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ при што ќе разговара за досегашната поддршка на жените претприемачи што ја дава ресорното Министерството.
На средбата ќе бидат претставени и активностите на Советот во контекст на нивната Програма за економско зајакнување на женитe, чија стратешка цел е подобрување на социо-економската положба на жените, а меѓу целите се вбројуваат намалување на невработеноста и сиромаштијата кај жените и девојките, зајакнување на личните капацитети на жените и девојките за конкурентен настап на пазарот на трудот и поттикнување на женското претприемништвото.