4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Отворени 175.000 работни места

САД: Отворени 175.000 работни места

sad1sad2

Во американската економија во февруари се отворени 175.000 работни места, што е скромен раст на вработеноста после двата месеци со не така поволни податоци.

Американското Министерство за труд, исто така, ревидираше најмногу податоци за декември и јануари, за додатни 25.000 работни места, пренесува Франс прес.

Вкупниот број на невработени Американци благо порасна во февруари, на 10,5 милиони луѓе, па голем број луѓе се вратија на пазарот на трудот за да пронајдат работа.

Тоа, заедно со целокупното зголемување на работната сила, влијаеше стапката на невработеност во февруари да порасне на 6,7 проценти, се наведува во соопштението на министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП