20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛагерфелд отвора хотел во Кина

Лагерфелд отвора хотел во Кина

karl lagerfeld

Дизајнерот Карл Лагерфелд и казино магнатот Стенли Хо од Макао, ги објавија заедничките планови за отворање на првиот хотел.

Лагерфелд планира нивниот хотел да биде сместен во коцкарската енклава Макао, во јужниот дел на Кина, а се очекува да биде отворен во 2017-та година и да има 20 ката со 270 соби.

„Целиот хотел сам го дизајнирав и ова е прв пат такво нешто да работам. Мислам дека идеата е одлична“, вели Лагерфелд.

Хотелот во Макао ќе биде изработен под негова лиценца и ќе се нарекува „Голема Кина“, сепак засега не се соопштени финансиските детали.

Инаку неговиот партнер, Стенли Хо, држи монопол за концкање во Макао од 2004-та година. Ова е единственото место во Кина каде коцкањето е легализирано, а во 2012-та година му донесе заработка од 38 милијарди долари. Територијата на градот Макао во Кина има автономен статус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП